Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Белкиса Зеќири, членка на Извршниот одбор на СДСМ:
Почитувани граѓани,
Неспособната власт со денови ги остави пациентите на Онкологија без лекови и соодветна терапија.
И наместо да преземе одговорност, да формира штаб, веднаш да го реши проблемот од власта слушаме несериозни изговори и оправдувања, за својата неспособност обвинуваат други.
Ова само потврдува дека станува збор за луѓе без грам одговорност, без трошка човештво и грижа за граѓаните.
Единствено што ги интересира е како да си ја спасат сопствената кожа а не како да помогнат на пациентите на кои животот им е загрозен.
Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови.
За пациентите кои сега страдаат и го ризикуваат животот одговорни се директорот на Клиниката на Онкологија, Директорот на Фондот за здравство и министерот Тараври – никој друг!
Затоа и треба да понесат одговорност.
Власта да не си поигрува со човечки животи и да не бара срамни оправдувања, пациентите од тоа немаат ништо, тие чекаат лек за живот.
Директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки.
Власта да формира кризен штаб и итно да ја обезбеди потребната терапија а потоа да направи долгорочен план за обезбедување на оваа животно потребна терапија.
Никој нема право да загрозува животи, за голгота низ која поминуваат онколошките пациенти мора да има одговорност.