Се прашувате која храна е всушност идеална за консумирање во овие студени зимски денови и за време на постот? Одговорот целосно ќе ве изненади.

Тоа е тиква.

Можете да ja јадете варенa или печенa, а можете да направите и сок од тиква. Како и да одберете, придобивките од консумирањето на оваа храна се безбројни, добра е за кожата, хидрира, го зајакнува имунолошкиот систем и полна е со витамин Ц.

Од тиква може да се подготват солени и слатки јадења, може да се јаде сирова, динстана, печена, пржена, а и свежо цедениот сок има исклучително благотворно дејство на организмот. Овој моќен зеленчук (да, иако има сладок вкус, спаѓа во групата на зеленчуци) е незаменлива храна на трпезата кога ќе дојде студеното време, а особено сега во периодот на постот може да биде од голема корист.

Лековитите својства на тиквата се многубројни, поради што особено се препорачува за време на вирози и настинки, а експертите велат дека би било паметно да се јаде барем три пати неделно. Еве за што е се добро.

Го зајакнува имунитетот
Тиквата е богата со витамин Ц (една чаша тиква содржи до 11 милиграми од овој витамин), кој игра важна улога во зголемувањето на отпорноста на организмот на инфекции. Содржи и цинк, а овие две хранливи материи се исклучително важни за здравјето на имунолошкиот систем.

Го штити срцето
Редовната употреба на тиква може да го намали нивото на „лошиот“ холестерол, што директно влијае на работата на срцето. Освен тоа, овој зеленчук содржи и голема количина на магнезиум, кој го нормализира крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен и срцев удар, пренесува Glas Srpske.

Поддржува губење на тежината
Варениот и печен, или свежо исцеден сок од тиква, е диетална храна која се препорачува за дебели, дијабетичари, како и за оние кои страдаат од желудникот и тенкото црево. Истражувањата покажаа дека исхраната богата со хранливи влакна од тиква го намалува апетитот додека обезбедува доволно калории.