Заедничка акција на Царинска управа и МВР: спречено криумчарење на два килограми кокаин на Меѓународен Аеродром Скопје

Интегрален текст од соопштението на Царинската управа:

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“.

Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.

Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин.