Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација.

Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените.

Ова се најчестите знаци:

Се чувствувате уморно цело време

Човечкото тело користи железо за да произведе хемоглобин, супстанца во црвените крвни зрнца која носи кислород низ телото. Кога немате доволно здрави црвени крвни зрнца, почнувате да се чувствувате уморни и исцрпени.

Лесно останувате без здив

Недостатокот на железо е видлив и ако дишете брзо и нагло дури и за време на најлесните задачи. Исто така, ако и покрај редовното вежбање, извршувањето на вежбите станува потешко наместо полесно, можно е да изгубите на издржливост поради недостаток на железо.

Вие сте бледи

Ако сте забележале дека луѓето често ја нагласуваат бојата на вашата кожа, или бледило, виновникот може да биде железото или неговиот недостаток. Понатаму, ако внатрешноста на усните, непцата или внатрешната страна на долните очни капаци се помалку црвени од вообичаено, причината за тоа може да биде и недостатокот на овој минерал.

Постојано сте болни

Одредени истражувања покажаа дека недостатокот на железо може да влијае на имунитетот. Односно, недостатокот на железо може да ги зголеми шансите за инфекција со одреден вирус или бактерија. Затоа, ако се чувствувате како постојано да сте болни и настинати, решението можеби е да го зголемите внесот на железо.

Имате палпитации

„Палпитациите често се опишуваат како чувство на треперење, брза работа или прескокнување на отчукувањата на срцето и понекогаш се резултат на недоволно железо.

Прирачникот за MSD наведува дека на некои луѓе им е непријатно и вознемирувачки и траат неколку секунди. Доколку сте ги доживеале, задолжително размислете дали внесувате доволно железо преку исхраната, а можете и да се консултирате со вашиот матичен лекар.

Имате желба да грицкате мраз

Иако ова може да звучи чудно за некого, желбата за грицкање мраз е вообичаен симптом на недостаток на железо. Луѓето со анемија често имаат желба за храна која не е богата со железо, кај трудниците најчесто тоа е мраз, а кај децата картон, земја или глина.

Извор Zena.mk.