САД се заинтересирани силно и практично да го помагаат Отворен Балкан и сметаат дека атрактивноста на иницијативата само ќе се зголемува, вели вели Марјан Забрчанец координатор во Владата за “Отворен Балан” во интервју за порталот Novatv.mk.

– На средбите со специјалниот претставник Ескобар, со останатите одговорни лица за Европа и регионов во Стејт департментот, со претставници на Сенатот и на меѓународните организации НЕД, НДИ и Атлантски совет, во повеќе наврати беше потенцирано дека Западен Балкан има недвосмислена европска иднина и дека земјите од регионот треба да станат членки на Унијата во разумен рок бидејќи со тоа ќе донесат нови можности за Европа, порача Забрчанец во интервју за порталот Novatv.mk.

Од властите во САД беше изнесена силна и јасна поддршка за регионалната иницијатива „Отворен Балкан”, а како импресивна беше оценета економската и политичката соработка која се развива меѓу трите земји членки, со можност истата да се проширува. Тие особено се заинтересирани да го поддржат овој поинаков Западен Балкан кој не е базиран на 90-те туку на денешната реалност во нашиот регион. А, реалноста значи регионална соработка и отстранување на сите пречки за слободно движење на луѓе, стоки, производи и услуги, вели Забрчанец.

-САД се заинтересирани силно и практично да го помагаат „Отворен Балкан“ и сметаат дека атрактивноста на иницијативата само ќе се зголемува. Една од големите можности кои стојат пред нас, а за што САД ќе ни пружат поддршка, е привлекувањето странски, пред се американски и европски инвеститори кои пред себе ќе гледаат потенцијали на цел еден регион, а не само на една земја. Бенефитот ќе биде повеќестран, за државите, за инвеститорите, но пред се за граѓаните кои живеат тука во Северна Македонија, Албанија и Србија, додаде Забрчанец.