-Иницијативата е оценета и поттикната да продолжи да биде отворена за приклучување на другите земји од регионот, а особено на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Отворен Балкан има постојана политика на отворени врати и дејствува транспарентно и инклузивно со намера бенефитите од регионалното поврзување што е можно поскоро да стигнат до колку може повеќе граѓани од регионот, вели координаторот за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец во интервјуто за Новатв.мк.