Никој не може да ја спречи љубовта, но астролозите велат дека за некои хороскопски знаци сепак би било подобро да се избегнуваат кога е љубовта во прашање.

Најнекомпатибилниот хороскопски пар се Овенот и Ракот.

Овните сакаат брзо да се движат и да ја искористуваат романтиката во моментот, мора веднаш да дејствуваат.

Но, тоа навистина не функционира за Раковите, кои се сентиментални и им треба многу време за да му веруваат на некого.

До моментот кога Раковите ќе решат да го направат следниот чекор, Овните веќе имаат заклучено дека нема интерес за тоа и продолжуваат понатаму.

Затоа, овие два хороскопски знаци се многу тешки за разбирање и тешко можат да функционираат во љубовта.

Извор Zena.mk.