Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во југоисточните делови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен северен ветер.
Во поголем дел од земјата ќе преовладува стабилно и топло време, со дневни температури кои на повеќе места ќе се искачат над 30 степени. Најтопло се очекува во централните и југоисточните делови, каде максималните температури ќе достигнат околу 34 степени.
Во западните и југозападните предели утрото ќе биде посвежо, со температури околу 11 до 13 степени, а во текот на денот ќе се затопли до 26, односно 27 степени. Во централниот дел од земјата температурите ќе се движат од 12 до 29 степени, додека во повисоките и северните предели утринските вредности ќе бидат околу 11 до 15 степени, а дневните до 28, односно 34 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...