Ќе се задржи топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови под влијание на циклинска активност со центар во Турција, ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температурите брзо ќе растат. Најтопло ќе биде во југоисточните и централните предели, каде максималните температури ќе достигнат до 38 степени. Во Скопје се очекува температура до 35 степени, додека во југозападните делови ќе биде посвежо, со максимални вредности околу 24 до 29 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а максималните од 24 до 38 степени.
Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...