Денес екипите на ЈП”Улици и патишта”-Скопје вршат бетонирање на темелите за поставување на семафорските столбови на крстосница улица “Васко Карангелески” со улица “Ангел Димовски” .

По оваа фаза ќе следи поставување на семафорските портални столбови и ќе се спроведува семафорската инсталација.

Со поставување на новите семафори се влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот.