Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година.

Дополнителната исплата се врши согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19 , 146/19, 275/19, 311/20, 294/21 и 150/22), во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Во овие случаи исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година.

фото Centar.mk