Д-р Венко Филипче како министер за здравство ја направи најдобрата инвестиција во јавното здравство со покачување на платите на здравствените работници, како никогаш досега.

За првпат во неговиот мандат, платата на лекарите специјалисти со дежурства достигна 100 илјади дена. Кумулативно, основната плата на лекарот специјалист се зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%. На општите лекари се зголеми за 25%, а на здравствените соработници за 15%.

Покрај ова, д-р Филипче ги зголеми и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа, со што значително се подобрија условите за работа во здравствениот сектор.

Политиката на Филипче беше дека само со покачени плати, вработувања и максимална грижа ќе се задржи медицинскиот персонал во јавното здравство.

„Постигнавме рекордно зголемување на платите на здравствените работници и соработници. Со повисоки плати, подобри услови за работа, специјализација и практично учење ќе ги задржиме лекарите да останат и работат во земјава. Правиме сѐ нашите здравствени работници да бидат горди и задоволни од својата работа. Започнавме процес со којшто ќе постигнеме нови стандарди и овозможуваме достоинствени услови за работа“, велеше д-р Филипче во однос на зајакнување на човечкиот капитал.

Ниту еден министер за здравство нема вложено толку многу во здравствените работници како што тоа го направи Венко Филипче во делот на зголемување на платите, набавка на нова опрема и подобрување на условите за работа во јавно-здравствените установи.