Во име на животот на децата на светот Цивил мора да издржи

ЗОРАН ИВАНОВ

Нема кој друг, не гледам кој друг, барем не во МКД, освен, ЦИВИЛ кој, во името на овдешната македонска, ако сакате и регионална па нека е и европска и светска и државност и јавност, би можел да го детектира, да го лоцира, да го дијагностицира и космополитски да го презентира, да го испорача рецептот ли, формулата ли, лекот ли, излезот ли, како сакате, што год да е и кој и да е терминот во таа моќна меѓународна дипломатска игра на зборови, на прогласот за ЖИВОТ, и да, за живот како замена, ако сакате актуелно по примерот на случувањата на релација Израелци – Палестинци, како компензација за СМРТ на нестасаните до тој стадиум, за децата, за младите, за повозрасните кои се родиле да живеат, а не да умираат поради нечии политички каприци, алчности, поради туѓи територии и туѓи ресурси, поради омрази и поради некакви необјасниви животински пориви за крв и, токму затоа, еве, во оваа една реченица, се обидувам, само се обидувам да ја промовирам таа цивилизациска, космополитска и прагматична филозофија дека животот, во случајов животот на децата палестински ли, еврејски ли, сечии, сеедно, зашто сите деца се и мора да бидат НАШИ и затоа што децата се недолжни за нивната случајна етничка ли, национална ли, верска ли или било кава припадност па, оттука, човештвото, актуелниве светски моќници, наместо разно разни политикантски пуфки зад кои стојат само пари, само пари и ниту зрно морал и човечност, еве, нека е тоа призвук на патетика но, во името на иднината на човештвото, секој има и обврска и долг токму тој, животот, да им го овозможат на сите деца, во моментот на палестинските и, ете, и поради тоа, поради оваа бура од сеопшта омраза, го повикувам, му верувам и учествувам, Цивил, тој се уште единствениот организиран македонски ветрец, да продолжи да ја промовира својата космополитска доктрина и, затоа, токму во името на ЖИВОТОТ на децата на светот, ЦИВИЛ мора да издржи!

Извор: Civilmedia.mk