Екипата на „Внимание“ ги анкетираше граѓаните во врска со престојниот празник 24 мај- Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

На прашањето, дали денес имаме потреба од нови, посовремени просветители, кои ќе шират дигитална и медиумска писменост – дел од граѓаните велат треба, а дел се за ширење на писменоста на традиционални начини.

Внимание ги праша граѓаните на кое писмо се нивните профили на социјалните медиуми? Повеќето од анкетираните одговорија – „латиница“. А дали би го смениле со кирилица, велат дека немаат проблем со тоа, додека други заради работата која е интернационална не би можела.

На прашањето дали македонскиот јазик и кирилицата ќе опстанат и нема да исчезнат, граѓаните изразија убедување дека нема да исчезнат.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.