Дел од анкетираните на последната анкета на „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“ се скептични дека мажите можат да се мотивираат повеќе да се грижат за своето здравје, но дел гласно кажуваат: дека е потребна поголема едукација и јавни кампањи, за мажите да не се срамат да отидат на лекар, да ги надминат табуата, да одат редовно на прегледи и контроли, да го надминат стравот што ќе речат другите, а и да бидат охрабрени од нивните партнери.

Според испитаниците на „Внимание, внимание“, мустаќите во ноември се за истакнување на месецот на мажите и машкоста, но повеќето не биле на преглед на простата или тестисите. Испитаниците сметаат дека растењето мустаќи во ноември, кој е популарно наречен „моември“, како дел од глобалната кампања за машкото здравје, е од помодарство отклку за подигунување на свесноста.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.