Во анкетата „Внимание, внимание’’ на „Трн.мк’’ граѓаните јасно го искажаа својот став тие се за да се воведат најтешки казни за ширењето на лажни весто во случај на убиство или трагедија.

Без разлика што секој има достапност до социјалните мрежи и да објавува секакви наративи без разлика на нивната позадина во поглед на тоа дали се вистински или не – сепак треба да се воведат соодветни казни доколку целта е манипулација и да се предизвика нелагодност и страв кај граѓаните.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.