„ВМРО – ДПМНЕ зборува за државни интереси, но повеќе се приклонува кон партиски“, вели во изјава за „Фронтлајн“, новинарот и политички коментатор – Урим Салиу, говореќи за одбивањето на опозициската ВМРО- ДПМНЕ да гласа за уставните измени, дури и во ситуација кога парламентарното мнозинство ги исполни сите нејзини барања за да го направи големиот политички чекор и земјата непречено да се движи на патот кон ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ да не се изолира политички.
– ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека кај Албанците не може да најде противници, тие се најчесто оние кои ги пренесуваат пораките за градење на европската иднина, додека најголемата опозициска партија на Македонците во овој деликатен момент за државата повеќе се плаши од губење на рејтингот отколку да го отвори патот за процесот на европска интеграција. За да се случи тоа, потребни се уставни промени и тука мора да се убеди ВМРО – ДПМНЕ, која смета дека губи политички терен, но не се прашуват дали и другите партии го губат истото кога се решени да бидат за овие промени. Мицковски сака избори, а не решенија, вели Салиу.
Тој нагласува дека Христијан Мицкоски мора да сфати дека Албанците никогаш не сакале да им наштетат на интересите на оваа држава, туку се жртвувале за да ја градат, па макар и да изгубиле од нивните интереси.
– Можете да замислите и другите партии на Албанците да би биле против овие промени, тогаш би ја довеле земјата до невиден уназадување. ВМРО-ДПМНЕ мора да рефлектира во овој клучен момент за иднината на државата. Доколку размислуваат и гласаат за уставните измени ќе победат и кај меѓународните фактор, но и кај партиите на Албанците, бидејќи тогаш полесно ќе им биде да соработуваат со нив. Во спротивно, ВМРО ќе оди кон изолација со лажната грандиозност на патриотизам, но на нивните штета и на штета на државните процеси и интереси. ВМРО мора да разбере дека злото не доаѓа од Албанците или од меѓународниот фактор, туку од самите нив, тие само гледаат како да дојдат на власт и ги интересира рејтингот во овој момент, изјави Салиу за „Фронтлајн“.
Првиот вицепремиер на Владата и висок партиски функционер на ДУИ, Артан Груби, изјави дека присуството и моќта на ДУИ во Владата, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, биле претставени како единствена пречка за опозицијата да ги поддржи уставните измени, па затоа ја исполнивме и оваа желба на Христијан Мицкоски со повлекување од извршната власт за да може политички да рефлектира.
– Зад оставките на ДУИ стои Европската Унија, интеграцијата на државата во ЕУ. Сите наши партнери се известени. Ги доставивме нашите оставки до Премиерот, за да им докажеме и покажеме на лидерите на опозицијата дека сме сериозни за процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Ние не сме за предвремени избори. Сметаме дека изборите не се решение и затоа тие не треба да се одржат сега, туку треба да се одржат во редовниот термин во јули 2024 година, изјави Груби за „Ора њуз“ од Тирана, пренесува „Фронтлајн“.
Од владејачката СДСМ соопштија дека со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.
– Сè што треба да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени. Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни и неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата. Мицкоски и ДПМНЕ повеќе од една година ги лажеа граѓаните за наводно загрозување на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, но факт е дека тие денес се меѓународно заштитени и потврдени како никогаш досега. Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент. По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност. Сега е потребен сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година, се вели во писменото соопштение на СДСМ.
Секој пратеник, додават од СДСМ, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот, сè друго е дејствување спротивно на државните и национални интереси.
Дестан Јонузи
извор Frontline.mk