Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграми по повод Божиќните празници до лидерите на многу земји, соопшти прес-службата на Кремљ.

Владимир Путин на тој начин им ги честиташе Божиќ и Нова Година на лидерите на Заедницата на независни држави (ЗНД), со исклучок на Молдавија, како и на лидерите на Абхазија и Јужна Осетија.

Кремљ објави дека само унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ ги примиле честитките на Путин од европските лидери.

Рускиот претседател испрати и срдечни пораки до лидерите на Кина, Индија, Виетнам, Лаос, Боливија, Бразил, Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Турција и Јужна Африка.

Тој ги упати своите најтопли поздрави до папата Франциско и голем број поранешни странски лидери, меѓу кои и поранешниот француски претседател Никола Саркози и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Важно е да се напомене дека тој не изразил поздрав до ниту еден лидер од земји кои се сметаат за непријателски, вклучително и Соединетите Американски Држави, пренесуваат агенциите.