Илјадници граѓани побараа одговорност за трагедијата во Кочани – од плоштад преку Собрание завршија пред Влада.
Граѓаните излегоа на протест под мотото “Секој еден може да е следен” и најавија “Системот е следен”.
Од плоштад граѓаните маршираа кон Собранието, каде се слушаа пароли “Убијци убијци”, а само неколку минути подоцна поминаа покрај градската болница, каде со силен аплауз дадоа поддршка на неуморните лекари кои спасија стотици животи веднаш по несреќата во Кочани.
Потоа маршот продолжи кон Владата, каде граѓаните побараа одговорност и имаа 16 минутен молк во чест на жртвите од големиот пожар во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 млади, а над 200 беа повредени.
Видео од пред Владата тука.