(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско

Денеска (21.06.2024) хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот на отворено во атар на с.Цер (општина Кичево). Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума.