Девет лица загинаа, а 30 се повредени во Турција кога меѓуградски автобус се преврте во близина на градот Мерсин.

Меѓу жртвите има и две деца, а до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола над возилото, соопштија надлежните.

Автобусот „Дилменлер Мардин“, кој сообраќал од Мармарис кон Мардин, удрил во ограда и се превртел на излезот од тунелот Јеникаш на автопатот Д-400.