Квалитетот на животот во една општина значително зависи од тоа како се одржуваат зелените површини, дрворедите и парковите. Овие елементи не се само украс во урбаните средини, туку клучни фактори кои влијаат на физичкото и менталното здравје на жителите. Зелениот простор помага во намалување на стресот, обезбедува простор за рекреација, и придонесува за подобaр квалитет на воздухот и намалување на загадувањето.

Парковите, дрвата и зеленилото се важни бидејќи обезбедуваат сенка, го намалуваат ефектот на еден вид на урбана топлотна зона и го зголемуваат биодиверзитетот. Но, нивното постоење само по себе не е доволно. Важно е како се одржуваат: редовното чистење, залевање и одржување на растенијата е неопходно за да се задржи нивната функција. Без добро одржување, зелените површини може да станат запуштени и да изгубат од својата вредност.

Треба да се подобри одржувањето и уредувањето на јавните површини, покрај цвеќиња да се садат, листопадни и зимзелени садници. Важно е правилното распоредување на растенијата, да се внимава на изборот според тоа дали местото е сенковито или сончево, да се користат помали и соодветни култури за местото и позицијата и доколку станува збор за поголема површина задолжително вградување на систем за полевање, што ќе го олесни одржувањето во иднина. Повеќегодишни дрва не може да се засадат на мал простор, на мал простор се садат сезонски цвеќиња.
Зелениот простор треба да има хармонија, мора да има рамнотежа, комбинација од зимзелени и листопадни растенија. Растенијата да бидат адаптабилни од сите аспекти, пред се на климатските влијанија (топлина, влажност, светлина) на тој простор и на крај сето тоа да биде декоративно, убаво за око.

Исто така погрешно е да се садат садници и дрвца кои се несоодветни за избраната локација,кои може брзо да се исушат и пак да се има запуштен и несоодветен простор.

На долг рок е поисплатливо и поекономично општината да склучи договор со приватна компанија, реномиран градинарски центар кој има капацитет и знаење да посади дрворед, да креира парк и истата зелена површина да ја одржува на долг рок. Општината на ваков начин заштедува, а граѓаните имаат убава и зелена околина.

Градинарскиот центар ФОЈА ги охрабрува и им стои на располагање на сите општини, заинтересирани сопственици на градини, компании со својата експертиза да се јават во Фоја, за идеен проект (за паркови, дрвореди, пошумување, селени скверови), и да добијат корисни информации дека уредувањето на зелени површини и не е така скапа инвестиција, и дека се е полесно кога тоа ќе го реализираат професионалци. Експерти за хортикултура, градинари кои во текот на годината ќе се грижат за зелените површини.

Едно од најголемите достигнувања на модерните општини е создавање на одржливи урбани зелени простори. Тука граѓаните имаат можност да уживаат во природа дури и во срцето на градот. Според тоа, квалитетот на живот во една општина не зависи само од бројот на зелените површини, туку и од нивната состојба и од тоа колку тие активно се одржуваат за доброто на целата заедница.

Замислете општина каде секој лист на дрвата е како катедрали на свежина и спокој. Во парковите и средините со зелен простор покрај тоа што се место за прошетка, тие се и простор на таен доживотен договор меѓу човекот и планетата. Ако дрворедите зборуваат со шепот на ветерот, ние сме тие што треба да го слушнеме и да одговориме со грижа. Парковите не се само места за пикник, тие се нашата врска со земјата, нашиот градски духовен одмор. Кога ги чуваме овие простори, ние ја чуваме есенцијата на нашиот живот во хармонија со светот околу нас.

ПР текст