По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, и одбележувањето на 60- годишниот јубилеј, Уставниот суд објавува видео-документарец посветен на улогата и значењето на Судот во заштитата на уставноста и темелните слободи и права. Во видеото е вклучена и порака од претседателот на Уставниот суд, со повик за поголема правна култура, почитување на човековите права и активно граѓанско учество.
Документарецот нуди хронолошки преглед на настаните при формирањето на Судот, ги прикажува најзначајните датуми од неговиот развој и ги објаснува уставните надлежности.
Целта на овој документарец е подигнување на свеста кај граѓаните за темелните права и слободи, истакнувајќи ја важноста на Уставниот суд во нивната заштита. Граѓаните ќе добијат подлабоко разбирање за своите права и механизмите кои ги штитат.
Видеото може да се прегледа на Youtube каналот на Уставниот суд
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
