Силно невреме со пороен дожд, ветер и град попладнево зафати повеќе делови од Скопје. За кратко време, дел од улиците се наполнија со вода, а граѓаните на социјалните мрежи објавуваа снимки од интензивните врнежи.

Според првичните информации, засега нема пријави за посериозни штети. Невремето дојде по најавите за локална нестабилност со дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.