Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница на пратеничките прашања рече дека во Уставниот суд била потпишана одлуката за укинување на линеарното покачување на пензиите, а со тоа дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот.

„Последните информации се дека веќе одлуката е донесена и потпишана од нејзина страна и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот. И тоа само за информација значеше дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец, поради оваа иницијатива на оваа судијка која е дел од Уставниот суд“, рече Христијан Мицкоски премиер од собраниска говорница на денешните пратенички прашања.