Директорката на УЈП м-р Елена Петрова заедно со дел од нејзиниот тим на покана од Занаетчиската комора на Скопје и нејзиниот претседател Горан Ристовски, остварија работна средба и отворен дијалог за сите предизвици со кои се соочуваат занаетчиите.

Во конструктивна и партнерска атмосфера двете страни разговараа за тековните прашања, административните процедури и можностите за нивно поедноставување, со јасна заедничка цел поддршка на занаетчиството како важен сегмент од економијата.

Особен фокус на разговорот беше поедноставениот даночен режим – паушално оданочување на занаетчиите, што во целина со грантовите за започнување бизнис води кон намалување на неформалноста и нефер конкуренцијата. Беа разменети идеи за други мерки за поддршка и поттикнување на формалното работење.

Како институција, остануваме посветени на:

Градење доверба преку транспарентност и отворена комуникација
Поддршка на малите бизниси и занаетчиите во нивниот раст и развој
Поедноставување на процедурите и намалување на административниот товар
Сузбивање на неформалната економија
Партнерски однос со сите чинители во економијата
Во духот на визијата и мисијата на Управата за јавни приходи, продолжуваме да работиме како сервис на граѓаните и бизнисите, насочени кон модерна, ефикасна и достапна институција. Заедно креираме подобра бизнис клима и сигурна иднина за занаетчиите и сите учесници во економијата.