Денес во северозападниот дел од земјата и делови од скопскиот регион во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд проследен со грмежи.

Ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната седмица.