УХМР со вонредно метео предупредување:

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО (дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата)

Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.