Под влијание на циклонска активност денес и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни денес во западните (над 30 л/м2), а утре во источните делови.

Локално ќе бидат во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.