Денес ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со ретки грмежи и засилен ветер се очекува во среда попладне и во четврток.