Под влијание на постудена воздушна маса од север утре ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.
Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени.