Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Македонија денес:

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали.