Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).
Прогноза за 07.12.2024
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините претежно во северните делови повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 08.12.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 09.12.2024
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта на повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...