На 05.11.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 43-годишник од Скопје, вработен како обезбедување во казино во Тетово, затоа што спречувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.