На 04.11.2026 околу 20:30 часот на регионалниот пат меѓу селата Брвеница и Радиовце, при вршење увид на сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ и трактор „ИМТ“, управуван од 61-годишник од с. Блаце, полициските службеници утврдиле дека возачот на тракторот не поседува возачка дозвола.

Тој е лишен од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик, а тракторот му е привремено одземен. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.