Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 901 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 55,34%, а 44,66% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,65%, кон Итната медицинска помош 24,67%, кон пожарникарите 1,57%, а кон АМСМ 0,26 од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 856 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано шест пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места и сите се изгаснати.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, имале една помала интервенција.
РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, дека ги имале следниве интервенции: од 18.45 до 19.55 во с.Доброшане интервенирале на опожарена ниска вегетација со 1 ПП возило и 2 пожарникара (Опш. Куманово); од 18.00 до 20.40 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, ѓубре, и стрниште во с.Никуштак (Опш.Липково) и од 18.15 до 20.45часот на запалена ниска вегетација во с.Четирце, при што интервенирале со 1 ПП возило и 2 пожарникара (Опш. Куманово). РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крива Паланка, дека имале нтервенција покрај ул. „Панче Пешев“ од 13.15 до 13.45 часот за гаснење на запалена ниска вегетација на површина од 20 m2, при што интервенирале со 1 ПП возило и 2 пожарникара.
РЦУК Битола, информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола, од 18.00 до 19.40 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште на патниот правец Битола – с.Тополчани (Општина Битола) и од од 10.50 до 13.40 часот, со 3 ПП возило и 7 пожарникари интервенирале на запалено сено и слама во с. Беранци (Општина Могила).

Во поглед на информациите за јавниот превоз и сообраќајот во Град Скопје, РЦУК Скопје, информира дека ЈСП Скопје, известиле дека автобусите на јавниот градски превоз сообраќаат по зимски возен ред и дека заради градежни работи на патот, дел од нивната траса, автобусите на линиите 13, 18, 24, 54, 58, 58А, 58Б и 63а, во тој градежен дел имаат изменета траса на движење.

ЦУК информира дека Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известил дека поради градежни активности за реконструкција на асфалтниот слој од коловозот на ул. „Христо Татарчев“ во Општина Кисела Вода, од сабота (26.10.2024) на оваа улица се воведува времен режим на сообраќај. Изменетиот режим на движење на сообраќајот ќе важел до завршување на градежните работи за асфалтирање, па се апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон оваа делница и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.