Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 644 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 56,45%, а 43,55% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 69,20%, кон Итната медицинска помош 25,36%, а кон пожарникарите 2,54% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 724 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Немаше пожари на отворен простор во последното деноноќие, имаше само во населени места и сите се изгаснати.
Сообраќајот во државата се одвива во отежнати зимски услови и надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци, а на одредени патни правци има забрана за тешки товарни возила. За проодноста на патните правци информираат регионалните центри за управување со кризи. ЦУК, информира само за тие коишто се уште се непроодни земјени патишта или се во тек на чистење во општините Прилеп, Крива Паланка и Кратово.
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во Општина Прилеп непрооден бил патниот правец Бонче – Прилеп од мраз и снег. Во 15.10 часот ЕЛС Прилеп информирале дека е испратен трактор со нож за расчистување на кракот кон село Бонче.
На 14.01.2025 година до ЕЛС Прилеп било поднесено барање од МПЦ Манастир во с.Бешиште за чистење на патниот правец од месноста „Баров Мост“ до с.Бешиште. За регионалниот пат од с.Витолиште до Прилеп е добиено известување од ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта дека е завршено чистењето од снегот, и останува кракот (земјен локален пат) до с.Бешиште. Известен е лично градоначалникот и од негова страна е одговорено дека во текот на денешниот ден од страна на градежни машини од локалните рудници ќе биди исчистен локалниот земјениот пат до с.Бешиште. Во текот на вчерашниот ден (16.01.2025 година), од страна лицето кое го доставил барањето за чистење на пат е добиено известување дека кракот, земјениот пат кракот до с.Бешиште, се уште не е исчистен. Информирана е ЕЛС Прилеп за неисчистениот локален пат.
Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека во Општина Крива Паланка, поради висина на снег, непроодни се следните локални земјени патни правци: од с.Дурачка Река, маало “Метов“ до с.Дренак; од месноста „Компирара“ до с.Б’с и од с.Огут кон с.Нерав.
Во текот на вчерашниот ден Општина Крива Паланка ги чистела патните правци кон селата Трново и Дурачка Река и кон м.в. „Калин Камен“ на Осоговската Планина.
Во Општина Кратово, локалниот патен правец кон планинскиот дел од Кратово кон селата Близанци, Луково, Куново и Мушково е прооден само за теренски возила со зимска опрема (на овој дел има снежна покривка околу 15-20 см). Од с.Мушково кон селата Нежилово и Каврак е тешко прооден за теренски возила со зимска опрема. Висината на снежната покривка е околу 30 см и овој дел од патниот правец е тешко прооден, бидејќи на некои места има и навеви од снег. Од ЈП надлежно за чистење и одржување на овој патен правец е добиена информација дека наредните денови се планира чистење на истиот.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
извор ЦУК