Цената на литиумот во Кина во петокот падна за речиси 80 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на кинеските берзи.

Вредноста на литиум карбонат е 130.000 кинески јуани или 16.653,64 евра за тон.

На месечна основа, цените на литиум карбонат паднаа за повеќе од 20 проценти.

Песимистичката перспектива за развојот на овој сектор ги наведе производителите на батерии за електрични автомобили да се воздржат од купување значителни количини на литиум и други влезни материјали во текот на третиот квартал кога вообичаено ги надополнуваат залихите, објави порталот Trading Economics.

Покрај горенаведените фактори, на пазарот владее дополнителна загриженост откако ЕУ започна истрага за субвенциите на Пекинг за производство на електрични возила. На овој начин се зголеми ризикот од нови царини и трговски бариери меѓу Европската унија и Кина.

Извор: BiznisPRO.com