Радмила Шеќеринска ќе биде новата заменик-генерална секретарка на НАТО, за што доби честитки од сите сојузници од НАТО, вклучително и соседните земји. Тоа што изостана во текот на денот е честитка од највисокиот државен врв во земјава.

Ова е највисока позиција на која е назначен македонски функционер во историјата на државата, но очигледно тоа е недоволно за претседателката, премиерот и министрите за одбрана и надворешни работи.

Честитка дојде и од американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи ги прозва Владата и Мицкоски за поддршката на нејзината кандидатура. Агелер исткна дека назначувањето на Шеќеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство.

Изборот на Шеќеринска ѝ го честитаа и од соседните земји, а честитка дојде дури и од бугарскиот претседател Румен Радев, кој порача дека очекува нејзиното назначување да придонесе кон зајакнувањето на колективната безбедност и сигурност на Алијансата.

Шеќеринска на социјалните мрежи порача дека ќе ѝ биде чест да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО и дека ќе работи со сите сојузници за посилна и побезбедна Алијанса.