Полицискиот извештај на МВР информира дека во претходното деноноќие, на територијата на град Скопје, пријавени се три каснувања од кучиња на граѓани.

Во Полициската станица Карпош, З.Б.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник, пријави стигнале и во полициските станици Гази Баба и Центар, каде каснувања од куче пријавиле 48 годишната О.П.П и 76 годишниот Л.С.