Страшните грабнувања и грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кои во моментот се расветлуваат пред јавноста, предизвикаа цунами од шок, тага и бес кај целата нација која се соочува со ретко виден степен на суровост и нечовечност. Траумата од овие случаи, секако најтешко паѓа на семејствата на жртвите, но очигледно е дека страдаме сите.
Овие трауматични настани предизвикуваат силен шок, длабока тага и вознемиреност за најблиските, за роднините и пријателите, како и за општествената заедница. Во вакви ситуации, велат псохолозите со овие емотивни состојби на страв и неизвесност, посебно кај помладите, најважно е да се пристапи со емпатија бидејќи станува збор за исклучително чувствителна тема.
„Во ситуации каде имаме настан кој предизвикува прави страв и неизвесност посебно кај помладите најважно е да се пристапи со емпатија бидејќи се работи за чувствителна тема. Моите препораки се: поддршка еден на друг, поголема свесност дека вакви ситуации влијаат на колективното ментално здравје и секако, секој кој што има потреба да побара професионална поддршка, разговор со стручно лице. Само преку свесноста и разбирањето ќе придонесеме до моментално олеснителна на одредена ситуација“, изјави за Трн психологот м-р Фики Гаспар околу начините за справување со ваков вид на огромен шок и тага.
Во овие ситуации, освен изразувањето емпатија, активно слушање и разговори за чувствата на засегнатите, исто толку е важно да се избегнува ширење на шпекулации, непроверени и потврдени информации кои дополнително предизвикуваат поголема паника и страв.
„Секоја треба да биде свесен за зборовите кои ги упатуваме лично, или на социјалните мрежи“, потенцира психологот м-р Гаспар.
Уште еден важен совет во овие ситуации, вели Гаспар е да се поттикнува разговор доколку некој има потреба да ги сподели своите чувства и размислувања
„Доколку ваквите ситуации вилијаат премногу лично, не треба никој да се двоуми да побара помош од своите блиски, пријател или стручно лице. Повратниот одговор на еден колектив кон ваква ситуација бара многу напор, сочувство, разбирање и секако соодветни мерки за ментално здравје од страна на државните институции“, препорачува психологот м-р Фики Гаспар во изјавата за Трн.
Извор: Трн.мк