На 16.01.2025 во 11.00 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека во домот на З.Р.(39) и В.Р.(23) во с.Славеј, прилепско, починало бебе, додека кај нив во тешка здравствена состојба била донесена неговата сестра близначка, која, исто така, починала околу 13.00 часот.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.