Бразилскиот пејач Дарлин Мораис (28) почина откако го каснал пајак по лицето.

Компликациите што следеа беа фатални. Несреќата се случила во неговиот дом на 31-ви октомври во Миранорте. Неговата 18-годишна ќерка, која ја доживеа истата несреќа, итно е хоспитализирана и е во стабилна состојба, изјавија нејзината мајка и сопругата на пејачот за бразилската новинска агенција G1.

Сопругата на пејачот изјавила дека Дарлин Мораис се чувствувал исклучително уморно, а бојата на модрината, која била предизвикана од каснување од пајак, почнала да се менува. Доживеал алергиска реакција, лекарите од Општата болница Палмас не можеле да му помогнат.

-Дарлин Мораис се занимава со музика од својата 15-та година, во многу популарен жанр, а настапувал со бенд чии членови се неговиот брат и пријател, пишува Дејли Мејл.