Од Дубаи доаѓа нова диета, најкратката на светот, а цел свет зборува за тоа.

Новата диета е наречена „Пролон“ и трае само пет дена, а нејзиниот творец д-р Џозеф Ентони вели дека „го забрзува метаболизмот, помага во детоксикација и ослободување од телесните масти, па дури и лекува дијабетес тип 2“.

– Обично диетите функционираат така што им препорачуваат на луѓето да внесуваат мал број калории. Меѓутоа, ако се храните на овој начин подолго време, може да предизвикате здравствени проблеми. Затоа ја смисливме оваа диета која трае само пет дена и го имитира постот, а постот, како што знаеме, предизвикува автофагија или чистење на клетките. Оваа диета е дизајнирана така што телото внесува одредена количина на макро и микро хранливи материи, но не доволно за телото да го забележи на клеточно ниво. Така успеваме да го измамиме телото дека пости – уверува д-р Антун.

Тој планира да издаде сет за Пролон диетата, која се состои од макро хранливи материи од здрави масти, влакна и јаглехидрати, а текот на диетата ќе изгледа вака:

Ден 1: Внесување на 1100 калории поделени во три мали оброци за да се претвори телото во состојба на пост.

Ден 2: Телото оди во режим на согорување маснотии, ги користи складираните резерви на маснотии и започнува со чистење на клетките.

Ден 3: Телото влегува во состојба на кетоза,

Ден 4: Започнува обновувањето на клетките.

Ден 5: Обновувањето на клетките е завршено.

Д-р Антун тврди дека оваа диета поминала 24 клинички тестови, како и тестови на глувци кај кои е елиминирана инсулинската резистенција, а дијабетесот е прекинат.

– Сè уште ги чекаме резултатите од тестирањето на луѓе кои започнаа во 2017 година – заклучува д-р Антун.

Извор Zena.mk.