На 18.12.2025 во 11:10 часот во СВР Битола е пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешки телесни повреди е донесен маж(54) од Битола.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при вршење работни задачи во приватна фирма. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, а известен е и трудов инспектор.