На 13.12.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од улица „Димитар Туриманџовски“ и булевар „Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишно лице од Скопје, и велосипед управуван од 83-годишно лице од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
