На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишно лице од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.