На 08.04.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Самоилова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(56) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(23), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.С., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Е.С.(20) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
