На 09.04.2026 во 13:30 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на ул.,,Бел камен’’ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „лада нива“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(31) од Пехчево и патничко возило „газ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната М.А.Ј. од Пехчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Додека, со телесни повреди се здобила 68-годишна сопатничка Т.А. од возилото „газ“, констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
