На 19.12.2025 во 11:20 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кружен тек од ул. „Димо наредникот“ и бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(73) и велосипед, управуван од 46-годишната А.Ј., двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј., констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.